Македонија
3. July 2019 - 19:09

Владата ќе бара начини како Заев да управува со Министерството за финансии

На владина седница утре, правен тим ќе одлучи кои надлежности ќе ги има премиерот во раководењето со финансии. Тоа треба да биде времено решение  се до поставувањето на нов министер. Премиерот најави дека ќе носи само крупни одлуки а со ресорот ќе раководи заменичката.

Секако, самите раководители на секторите и на единиците си носат свои одлуки. Тие се независни органи како Имотно-правната служба, Управата за јавни приходи, царините и сите други институции кои се под финансии,  дури и самите сектори кои се во рамки на Министерството. Имам намера да ја делигирам надлежноста, луѓето да носат одлуки, а притоа да носиме крупни и знајачни одлуки од кои бенефит ќе имаат граѓаните. Сите одлуки  ќе бидат јавно објавени. Целта е да покажеме една пракса која постои во барем седум држави, изјави Зоран Заев, премиер.

Откако претходно во министерството за финансии беше реализирана метлата на Заев, премиерот за наредната недела најави чистка на дваесетина директори и раководители.

 - На 9 јули во вторник би можеле да се донесат и првите одлуки. Промени ќе има најверојатно на 20 – 25 места, директорски и кај раководители на подрачни единици, вели Заев.

Заев вели дека ова ќе биде почеток на чистката. Според неговите најави од пред една недела, метлата ќе зафати околу двеста лица меѓу кои ќе има заменици министри, директори на централно и на локално ниво, членови на управни и на надзорни одбори.