Бизнис
21. April 2018 - 16:04

Владата ја засилува пролетната градежна офанзива до 17 милиoни евра за изградба на водоводи и канализации

Нов бран на пролетната градежна офанзива. По најавите на Владата за изградба на патна инфраструктура во вредност од 270 милиони евра за 800 километри,  сега се најавуваат крупни инвестиции  во комуналната инфрастуктура.

Ќе се градат водоводни и  канализациски системи  во 31 општина низ државава во вредност од  17 милиони евра.

Со реазлиација на овие проекти ќе се добие рамномерен развој на сите општини. А ќе се подогне и процентот на покриеност со канализација во змејава од сегашните 18 на 40 проценти.

Веќе е во тек реазлиација на проект за изградба на канализациони и водоводни системи во вредност од 11 милиони евра.

Дел од парите за новите инвестиции во комуналната инфраструктура се  обезбедени од буџетот остатокот ќе биде од европската инвестициска банка.