Македонија
20. November 2017 - 12:57

Владата ја усвои информацијата за следните мерки од Планот 3-6-9

Владата на 38. седница ја разгледа и прифати информацијата за „Фактографски преглед на статусот на имплементација на мерките предвидени во Планот 3-6-9“, заклучно со 14 ноември.

Усвоена е и информацијата за активностите што ќе бидат преземени во наредниот период, што ги опфаќаат одредниците „6 и 9“ во планот.

Фактографскиот преглед на статусот на имплементација на мерките предвидени во Планот 3-6-9 за првите три месеци покажува дека пакетот мерки во првите три месеци се исполнети во најголема мера, пред се, како резултат на силната политичка волја и заложба на Владата и надлежните институции.

Дел од мерките чија реализација е почната или е во тек, останаа релевантни и за наредниот период.

Во „Наративниот план“ за идниот период, мерките од делот 6 и 9 се дефинирани и ажурирани врз основа на препораките содржани во Извештајот на Групата високи експерти за системските прашања од владеење на правото и консултациите со сите засегнати страни.

Предвидените мерки е планирано да се реализираат до декември 2017 година/март 2018 година или пред објавувањето на следниот редовен Извештај на Европската комисија за Македонија.