Владата им препорача на Судскиот совет и на Врховниот суд да направат план за одложување на судењата
Владата на синоќешната седница по разгледување на Записникот и предлозите од Првиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот Ковид 19, им препорача на Судскиот совет и на Врховниот суд на Република Северна Македонија да ја разгледаат можноста и да препорачаат на претседателите на судовите да направат план за одложување на судењата.
Како што се наведува во соопштението од Владината прес служба, од планот треба да бидат исклучок оние судски предмети кај кои постои потреба од итност на постапување, како што се предмети кои се пред застарување, предмети во кои се изречени мерки притвор или други мерки за обезбедување на присуство, како и предмети кај кои сериозно би било нарушено правото на судење во разумен рок, предмети кои се стасани до изрекување пресуди, предмети за кои се одлучува без јавна расправа и сл.
Воедно, и се препорачува на Нотарската комора на Република Северна Македонија, Адвокатската комора во Република Северна Македонија и Комората на извршители на Република Северна Македонија да ги спроведуваат сите мерки заклучоци и препораки донесени од страна на Владата.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април