Бизнис
12. October 2017 - 16:33

Владата и Југохром потпишаа меморандум - Вклучување на печките по инсталирање на филтрите

Југохром повторно ќе почне со работа до пролет идната  година. Тогаш и сите 800 тини вработени ќе се вратат на работа. Владата и менаџментот на комибинатот потпишаа меморандум. Документ со кој се потврдува рестартирањето  на фабриката откако ќе бидат поставени еколошките филтри.

Рестартирањето ќе се одвива етапно во повеќе фази. За поставувањето на еклолошките систем ќе бидат потребни 12 милиони евра. Само еколошките фитлри на 7 и 8 печка ќе чинат 4,5 милиониу евра. парите ќе ги обезбеди сосптвеникот на Југохром.

Во моментов вработените се под завод за вработување. Кога комбинатото ќе заврши со поставување на филтрите фабриката ќе продолжи со производство, а сите вработени ќе се вратат на работа.

Надлежните посочија дека рестартирањето на комбинатот нема да има последици врз екологијата.

Југохром престана со работа во ноември лани, поради тоа што раководството на комбинатот не успеа до 30 октомри 2016 година до кога беше поставен рокот да ги постаи потребните еколошки филтри. Фабриката престана со производство, а сите вработени беа пушени дома.

Комбинатото Југохром главно произведуваше феросилициум. Најголемиот дел од произвдоствотот беше наменето за извоз на европскиот пазар.