Македонија
6. March 2019 - 17:29

Владата и ДКСК ќе ја засилуваат соработката во борба против корупцијата

Антикорупциската комисија добива уште една алатка за справување со корупција и перење пари.Во соработка со министерствата за правда, внатрешни и администрација ќе го користи системот за прибирање и обработка на податоти за превенција и репресија на корупција.

„Ќе се следи целиот нивен тек од иницирање до конечно завршување со судска разрешница и евентуална конфискација“

Системот кој овозможува повеќе институции да имаат пристап до информациите поврзани со корупција, според надлежните, ќе помогне во расфетлување на детектираните корупциски скандали.

Од формирањето па до сега, Антикорупциската комисија поведе 60-тина постапки за можен судир на интереси.На утрешната седница, Антикорупционерите најавуваат отворање и нови предмети за непотизам.