Македонија
7. September 2015 - 16:30

Владата гради, градоначалникот заградува – Спортските терени во Сарај под клуч

Спортските игралишта во Сарај зјаат празни.  Наместо да спортуваат, младите во општината се заложници на локалната самоуправа која не им ги дава на користење. Обраснат со трева и рѓосани штици за седење. Вака изгледа фудбалскиот терен во село Љубин. Камерата на Сител не забележа некој да се грижи за објектот кој изгледа  запуштено. Не е многу поразлична сликата и во Шишево.  Заклучено и со извадени мрежи, тениското игралиште изградено од Владата не е во функција на жителите.

Тениското игралиште во село Шишево е под клуч. Интерес од селаните има, но не и од општината.

Дека сакаат да спортуваат сведочат и самите жители. Но признаваат дека во тоа ги попречува однесувањето на градоначалникот на Сарај.

- Па сакаат да спортуваат, ама е заклучено. Градоначалникот нигде го нема, велат жители на Шишево.

Побаравме објаснување и од градоначалникот на Сарај Беким Мурати кој раководи со мултиетничка општина каде на граѓаните македонци, албанци,Бошњаци и Роми им е одземено правото да спортуваат.  Но партиските активности му беа поважни од проблемите на жителите.  Замина на состанок во партијата и не даде изјава пред камера. Вели дека фудбалското игралиште било затворено за секој да не влегува таму. Тениското, пак, според Мурати воопшто и не било пуштено во употреба. 

А за тоа дека спортските терени изградени од Владата не се во функција, пред неколку денови слушна и премиерот Никола Груевски кој беше во посета на оваа општина.

- Па немаме клуч, нема како да го користиме. како нерма клуч, тие се за спортување..

За разлика од самоволното однесување на локалната самоуправа во Сарај кои не  дозвлуваат спортските терени  да бидат во функција на граѓаните, градоначалниците на дебар и Гостивар ја ставаат во функција спортската инфраструктура изградена од владата.