Македонија
25. August 2016 - 19:33

Владата го усвои проектот за вработување на 100 најдобри студенти

Владата го усвои проектот за вработување на 100-те најдобри студенти на додипломски студии. Предлог-законот  е веќе влезен во собраниска процедура а се очекува пратениците да го изгласаат во следните две недели. Проектот за вработување на најдобрите студенти во јавната администрација пред неколку месеци го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како инвестиција во иднината на младите луѓе и силен поттик за оние кои инвестирале во своето образование.

Овој проект за вработување на стоте најдобри студенти од петте највисокорангирани универзитети во државата е уште едно од ветувањата дадени пред граѓаните. Овој проект беше еден од 40-те проекти коишто ги соопштив како нови проекти на ВМРО-ДПМНЕ кои треба да им помогнат на младите.Во Законо, е прецизно наведено колку студенти од кои универзитети ќе треба да се вработат, а најголем удел во вработувањето ќе има успехот постигнат во текот на студирањето, рече Груевски.

Покрај просечната оценка во текот на студирањето, удел во конечното рангирање ќе има и поседување на меѓународен сертификат за трите најчесто користени јазици во Европската унија, како и брзината на завршување на додипломските судии. Проектот ќе важи за студентите кои ќе дипломираат оваа академска година, а ќе се спроведува и секоја наредна. На овој начин младите луѓе ќе добијат сигурна работа, егзистенција и иднина во Република Македонија.