Македонија
16. November 2017 - 16:27

Владата го укина советот за оценување на фактите - за судиите ќе одлучува Судскиот совет

Советот за утврдување на факти нема повеќе да покренува дисциплински постапки против судии за нестручно и несовесно работење.. Владата на последната седница одлучила да предложи закон до Собранието со кој ќе се укине работата на ова тело.. Со предложениот закон, се предвидува наместо Советот за утврдување на факти, во иднината за одговорноста на судиите надлежен да биде Судскиот совет..

Според првиот човек на Советот за утврдување на факти Сашо Поцевски, предложениот закон се носи без проверка на нивната работа.. Во телефонски разговор за Сител, Поцевски  вели дека е жално што најавените судски реформи отпочнуваат со укинување на професионалното и независно тело што ја следи работата на судиите..

-Без направена анализа за нашата работа, Владата не може да предложува закон за укинување на Советот за утврдување на факти. Во изминатиот период обработивме над илјада претставки за нестручност на судии и веќе се водат детални истраги за формирани 30-тина предмети, вели Поцевски..

И Здружението на граѓани „Зелена лупа“ кое се залага за владеење на правото смета дека треба да се укине Советот за утврдување на факти а неговата работа да ја превземе комплетно реформиран Судски совет..

-Нашето здружение до Советот достави 46 иницијативи за последниве три месеци и истиот досега има прифатено една иницијатива и отфрлено две иницијативи, а токму овие отфрлените две иницијативи имаат сериозни пропусти во одлуките на судиите и увидовме дека има основ за злоупотреба на службената положба, се вели во писмената реакција од Зелена лупа..

Советот за утврдување на факти беше формиран пред помалку од две години.. Тој брои деветмина членови од редовите на пензионирани судии, јавни обвинители и универзитетски професори..