Бизнис
1. November 2019 - 17:51

Владата го стопира прогресивниот данок

Се враќа рамниот данок. Владата на 3 години ги замрзнува даночните реформи кои и беа главен адут пред изборите. Со прогресивниот одданочување, каде побогатите  со плата над 90 илјади денари,  се даночеа со 18%, сега повторно ќе плаќаат 10 отсто данок. Ставот на Владата е дека бил донесен без консултации од бизинс заедницата, се евидентирал одлив на капитал во соседните земји и легално се префрлале пари на други лица. Досегашната примена не ги дала очекуваните резултати

Се одлужува и примената на данокот на капитални добивки, каде со 15% требаше да се даночат добивките од дивиденди. Овој закон , по 36 месеци, ќе има измени – ќе се воведат 2 даночни ставки, 10 и 15 %. Исто така се одалага  и одданочувањето на данокот на  камати од  депозити. Се менува и лимитот.

Наместро прагот од 15 илјади денари од заштеди од камати, сите граќаните ќе се даночат со 10%

Владата го зголеми и прагот за ДДВ обврзник од 1 на 2 милиони денари. за правите и физички лица.  Периодот на региПстрација ќе биде наместо 5,  3 години

Прогресивното одданочување за поголема  праведност беше донесен почетокот на годината. Оданочувањето на капиталните добивки и плаќањето камаат на депозити требаше да стратува од 1 јануари наредната година