Бизнис
12. November 2019 - 16:44

Владата го скрои буџетот - каде одат парите?

На повисоки плати во образованието и здравството, како и зголемени пензии се темели буџетот за наредната година. Владата планира да потроши 3,9 милијарди евра, од кои 2,5 милијарди евра се само за плати и пензии.  Од 10 до 25 % ќе биде зголемувањето на платите во здравството, 10 отсто во образованието . Во февруари пензионеририте ќе добијат зголемување  од 700 до 730 денари  .  Премиерот уверува дека покачувањето на пензиите нема да го загрози функционирањето на ПИОМ, туку напротив Фондот е стабилизиран .

За капитални инвестиции планирани се 374 милиони евра. За субвенции за земјоделците  119 милиони евра, за намалување на загадувањето 1,6 милиони евра и дополнителни 10 милиони евра за набавка на клими инвертери. За подобрување на конкурентноста на фирмите – 49 милиони евра, за плаќање придонеси за повиски плати  39 милиони евра.

Владата планира да собере 3,6 милијарди евра,  а дефициот од 300 милиони евра ќе се покрива со домашно и странско задолжување. За сите планираните проекти и за враќање стари долгови, над 1 милијарда евра ќе се бараат кредити и најверојатно ќе се издава еврообврзница вредна 500 милиони евра

Предлог буџетот се темели на раст на економијата од 3,8%, инфлација 1,7  отсто, пад на невработеноста на 16% и  раст на нето платите од 6,3 отсто. Предлог буџетот сега треба да биде усвоен и од пратениците.