Македонија
31. July 2021 - 10:56

Владата го разреши Сугаревски од должноста в.д. директор на Царина, на негово место именувана Славица Котиров

Владата на 93. седница ја прифати одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да го разреши од должноста в.д. директор на Царинска управа.

Како што се наведува во владиното соопштение на оваа позиција Владата одлучила да ја именува Славица Котиров, досегашен заменик-директор на Царинска управа.