Македонија
12. November 2019 - 16:43

Владата го повлече спорниот Закон за протести

По бурните реакции во јавноста дека со новите законски измени власта сака да го ограничи правото на протест,  Владата  се премисли. Го повлече предлог законот за јавни собири, за кој требаше да се расправа на владина седница. Прво ќе го слушале предлогот на граѓани, па ќе го доработувале законот.

Новите законски измени предвидуваа протестите да се оддржуваат од 06 до 23 часот, а минималната законска бројка од 20 граѓани за организирање на јавен собир, се зголеми на 50. Не би смеело да се протестира пред  амбасади, објекти и простори од интерес за безбедноста на државата, но и седиштата на органите на државната власт и просторот околу нив-одредба која псоред граѓаните беше најспорна.

Во фебруари годинава, железната ограда која ја чуваше владината зграда замина во историјата. Од владата тогаш излегоа со образложение дека целта им била јавниот простор околу објектот да биде целосно ослободен и подостапен за сите граѓани.