-->
-->
Владата го поништи државјанството на Онишченко
-->
– Владата на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба.
Владата ја донесе одлуката откако го разгледа известувањето од Министерството за внатрешни работи, во кое што се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство, што беше побарано од страна на Владата, на претходна владина седница.
Денешната одлука на Владата е базирана на Законот за државјанство на Република Северна Македонија.
Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да постапи веднаш по донесената одлука за поништување на одлуката за прием на Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија, информира владината прес-служба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени четири лица за вандализмот врз македонскиот клуб во Благоевград
-
Еквадор: На изборите за градоначалник победи кандидат убиен ден пред гласањето
-
Германија ќе испорача 178 тенкови „Леопард 1“ на Украина
-
Владата ја одржа 127-та седница
-
Поранешен лондонски полицаец осуден на доживотен затвор за десетици силувања
-
Владата ќе забрани увоз на руска нафта
-
Бислимоски: Не се очекува недостиг на нафта и нафтени деривати
-
Град Скопје испрати екипа на БППЗ Скопје во Газиантеп