Македонија
2. March 2021 - 16:37

Владата го објави акцискиот план за борба со корупцијата

Зајакнување на капацитетите на јавните обвинителства, систем за поврзување на инспекциските служби, укинување на хартиените изводи од матичните служби –  се  дел од мерките од владиниот план за борба против корупцијата презентиран денеска. Според вицепремиерот Николовски, со планот се предвидува и враќање на парите во државната каса испразнета преку финансиски криминал.

Премиерот Заев вели дека целта на планот е да спречува корупција кај власта но и според него, расчистување со остатоците од претходната власт.

Од Владата велат дека планот за борба против корупција е подготвен на основа на забелешките на невладините, антикорупциската комисија и извештаите на Евопската унија и Соединтетите држави.