Македонија
17. September 2015 - 16:51

Владата го номинира д-р Срѓан Керим за функцијата генерален секретар на ООН

Поранешниот шеф на македонската дипломатија и  претседател на 62рото заседание на генералното собрание на Обединетите Нации Срѓан Керим влегува во трката за генерален секретар на светската организација. Зад неговата кандидатура застанува македонската влада.

Преку соопштение владината прес служба инфомираше дека дипломатските консултации и високите оценки за неговото меѓународно искуство, познавање на глобалните светски процеси и квалификации, а особено широкото признание меѓу земјите членки за претседавањето со Генералното собрание на ООН, биле причина владата да одлучи да застане зад Керим како личност која ги исполнува неопходните услови и критериуми да биде кандидат за функцијата генерален секретар на ООН.

Источноевропската група во организацијата на која и припаѓа и Макеоднија во ноември минатата година зазеде заеднички став, идниот генерален секретар по основ на системот на ротација да биде избран од нејзините редови.

Искусните дипломати даваат безрезервна поддршка за овој потег на владата оценувајќи го како добар чекор кон меѓународна промоција на земјата. Сметаат и дека Керим е кандидат кој несомнено ги исполнува условите за оваа сериозна и престижна функција.

Сепак според Никовски и во меѓународните организации преовладува политиката наспроти квалитетот на кандидатите па скептичен е во поглед на шансите кандидатурата да заврши со успех.

Според поранешниот амбасадор, спорот за името со Грција е дополнителна пречка зa изборот на Керим.

Сепак тој очекува кандидатурата да добие сериозна поддршка во дипломатските кругови а сe надева и дека на домашната политичка сцена ќе се покаже конструктивност и единство во интерес на државата.

Керим во својата богата дипломатска биографија ги запишува амбасадорските позиции во Германија, Швајцарија и Лихтенштајн. Од 200-1ва до 2003-та беше амбасадор при Обединетите Нации во Њујорк а подоцна и претседавач со генералното собрание на организацијата.