Македонија
18. јуни 2018 - 16:55

Владата го испрати договорот со Грција на ратификација во Собранието

Почнува ратификацијата на Договорот меѓу Македонија и Грција за конечно решавање на спорот со името што вчера го потпишаа Никола Димитров и Никос Коѕијас во присуство на Заев и Ципрас. Македонската влада утринава на седница го усвои законот за ратификација на спогодбата со која се воведува името Република Северна Македонија. Престанува да важи Времената спогодба од 1995 г.

Договорот се сели во парламентот. Ратификацијата се прави со обично мнозинство, што сега го поседува Заев. Дополнително и албанската опозиција, Алијансата на Села и БЕСА на Касами, се изјаснија дека ќе гласаат за ратификацијата и повикаа гражаните да излезат на референдум. Седницата би била закажана во наредните неколку дена.

Договорот претходно ќе треба да го помине и матичното тело. Во игра се две комсии. Првата е комисија за надворешни работи кое го предводи Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ каде процедурата може да запне. Втората е Комсијата за европски прашања која ја води Артна Груби од ДУИ. Џафери ќе пресече каде ќе биде пратен Договорот.

По ратификацијата во Собранието, спогодбата треба да отиде кај шефот на државата. Иванов веќе се изјасни дека нема да го потпише указот за стапување во сила на Договорот. Тоа значи дека за активира системот на вето, сличен на законот со јазици, со прегласување и повторно непотпишување.

Веднаш по македонската ратификација, грчката страна ќе треба да испрати писмо до ЕУ и НАТО дека Грција повеќе не се противи на македонската евроаталанска интеграција. Писмото во Брисел за добивање на датум за преговори треба да стаса до 26 јуни.

Според планираното во септември треба да се спроведе и рефередумот за прифаќање на новото име, а до крајот на годината ќе треба да следуваат и уставните амандамни.

- Она што сигурно можам да ви го кажам е дека тој ќе биде во законскиот рок, онака како што е зацртано. Неможам да ви одговорам конкретно до каде се и какви се подготовките. Она што можам само да ви го гарантирам што е и дух во рамките на Владата, е дека тоа што е зацртано ќе биде спроведено, изјави Анѓушев

Од друга страна, денеска и портпаролката на Европката комисија Коцијанцич изјави дека сѐ додека не е целосно имплементиран договорот постигнат помеѓу Грција и Македонија, Европската Унија ќе продолжи да ја нарекува земјата според привременото име.

Договорот е постигнат, но остануваат одреден број чекори кои треба да се преземат за да биде комплетиран, за официјална комуникација ќе продолжиме да ја нарекуваме Поранешна југословенска Република Македонија, како што е случај во нашите соопштенија досега, изјавија Коцијанчиќ

Дури по оваа процедура кај македонската страна, Грција ќе ја почне процедурата за ратификација на Спогодбата од нивна страна. По ова во рок од пет години ќе треба да селдуваат и измените во документите за внатрешна и надворешна употреба во Македонија.