Владата ги зголеми субвенциите за тутунопроизводителите | Сител Телевизија
Бизнис
13. February 2018 - 19:42

Владата ги зголеми субвенциите за тутунопроизводителите

Државата ги зголеми субвенциите за тутунопроизводителите. Наместо 60 денари како досега, за реколатата 2017 производителите во зависност од класата ќе добијат и до 80 денари по килограм информираше министерот Николовски.

Со новите законски измени ќе се укине евидентниот лист. Тутунарите директно ќе склучуваат договори со откупните претпријатија.

За препораките на Светската здравствена организација да се лимитираат произведените количини тутун, Николовски вели  дека  тутун ќе се сади се  додека не се направат анализи со која култура ќе се замени.

Со зголемувањето ан субвенциите на сметките на тутунарите ќе легнат 28 милиони евра.

2017 година  надлежните ја оценија како успешна. Поради добрите временски услови, речиси и да немало тутун од четврта класа.

Откупот на овогодинешната реколта е при крај и досега ќе откупени 23, 5 милиони килограми тутун по процечна цена од 217 денари.

Во земјава има 23 илјади семејства кои се занимаваат со  производство на тутун.