Македонија
1. јуни 2021 - 16:14

Владата ги усвои препораките на Комисијата, олабавување на мерките од утре

Олабавувањето на мерките нема да важат од денес туку од утре.

Според информации на Сител од Владата е дека на владината седница се усвоени сите седум препораки од Комисијата за заразни болести кои претходно беа поддржани и од Кризниот штаб.

Официјално соопштение од Владата се уште нема бидејќи на владината седница се расправа и за неколку други точки, но извесно е дека утре во службен весник ќе бидат објавени овие седум олеснителни мерки кои веднаш ќе стапат на сила.