Владата ги усвои мерките на Комисијата за заразни болести
Министерот за здравство Венко Филипче заедно со министерот за образование и Владата денеска донесе одлука за затворање на сите основни и средни училишта, детски градинки и факултети во Македонија.
-Да се прекине воспитно образовниот процес и настава во сите детски градинки, основни и средни училишта, на територијата на целата земја во наредните 14 денови. Да се ослободат вработените од работни обврски од овие установи. За еден родител до 10 годишна возраст ќе се дозволи отсуство од работа кое што ќе биде целосно платено во јавните и приватните институции, рече Филипче.
Тој додава дека наставата се прекинува и на факултетите низ целата земја.
- Се забрануваат масовни собири на отворен и затворен простор со над 1.000 учесници во наредните 14 дена, а се препорачува да се откажат и да не се организираат настаните под оваа бројка. Се забранува одржување на спортски натпревари со публика во периодот во наредните 30 дена на територија на целата држава. Се воведува целосна самоизолација од 14 дена на луѓето кои доаѓаат од жариштата, рече Филипче.
Физичките и правните лица кои нема да ги почитуваат овие препораки или ќе ги прекршат истите ќе бидат казнети согласно членот 205 и 206 од кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот