Македонија
15. April 2016 - 16:51

Владата ги укина персоналните решенија на Спасовски и Ременски - Ако повторно ги донесат им следи кривична одговорност

Владата уште еднаш ги укина сите незаконски решенија на техничките министри Оливер Спасовски и Фросина Ременски. На синоќешната седница било одлучено да биде спречен и вториот обид на министрите на СДСМ незаконски да ги партизираат министерствата за внатрешни и труд и социјала.

Ова за Пулт на Радио Слободна Македонија го потврди дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Чавков.

- „Синоќа на влада повторно се укинати сите решенија на техничкиот министер, но јас сум сигурен дека тоа е аргумент повеќе за да се соочи со правадата. Тоа се криминални дејствија, тоа не е нарушување на административни процедури. А ако навлеземе во суштината на тие решенија ќе бидете фрапирани сите“

Според Чавков, Спасовски по распишувањето ан изборите повеќе нема право да донесува вакви решенија а продолжувањето на досегашната практика ќе значи кривична одговорност за него.

Во изминатиот перид Спасовски на раководни позиции поставувал луѓе без компетенции но со лојална партиска биографија. Иако техничкиот министер тврди дека решенијата не се поврзани со изборите па имал право да ги донесе без потписот на заменикот од ВМРО ДПМНЕ, во самите решенија стои дека ќе важат до одржувањето на изборите.

- Првата причина зошто ги спорам решенијата е тоа што се без мој потпис, втората е рушењето на системот на кариера-  унапредува по 9 скалила, сме имале лоши искуства со министри во 94 и 2001ва, но Оливер Спасовски е пута 10 од овие двајца“

Ременски и Спасовски по распуштањето на парламентот тврдеа дека се заложници во владата на Емил Димитриев. Сепак продолжија да донесуваат персонални решенија и да унапредуваат партиски членови. Иако владата го поништи, Спасовки успеа уште еднаш да го унапреди и сопругот на неговата колешка Ременски.