Бизнис
18. March 2020 - 16:41

Владата ги објави економските мерки

Владата со сет мерки  ќе го помага бизнисот за справување со последиците од  корана кризата. На располагање имаат 5,7  милиони евра, без каматни кредити  , со грејс период од 6 месеци и рок на отплата од 2 години  преку Развојната  банка за поддршка и развој. Ќе можат да аплицираат  најпогодените бизниси, а сумата ќе се движи од 3 до 30 илјади евра , во зависност од големината на фирмата .

 Микро-компаниите до 10 вработени ќе можат да подигнат кредит од 3 до 5 илјади евра, малите фирми од 10 до 50 вработени ќе можат да подигнат кредит од од 10 до 15 илјади евра, а средните компании од 50 до 250 вработени ќе можат да подигнат кредит од 15 до 30 илјади евра, изјави Мила Царовска, вицепремиер задолжен за економски прашања .

Владата  3 месеци ќе  субвенционира половина од сумата за придонеси за плати за вработените во транспортот, угостителство и другите погодени сектори. Целата, со оваа мерка,  вредна милијарда денари, е да се задржи секое работно место, а според нивните проценки ќе опфатат 70 илјади вработени. Препорачува фабриките кои имаат поголем број работници,  да рабоата во 4 смени, и да се дезинфицира  објектот при промена на смените.

Бизнисот и граѓаните бараа од 3 до 6 месеци  одлагање на плаќањето рати за кредити. Од Владата велат дека волја и интерес за ова од банките има, но за тоа секоја ќе одлучува посебно - дали ќе дозволи одлагање или  репрограмирање на  долгот.

Министерката Ангеловска очекува дека најголемиот економски шок ќе биде вториот квартал од годинава. Затоа се разгледува и опцијата да се земе кредит од Светска банка или да се склучи аранжман со ММФ, со кој би се обезбедиле дополнителни 90 милиони евра. Гувернерката Бежовска  уверува дека макроекономската состојба е стабилна. Девизите  резерви  се двојно зголемени во споредба со финансиската криза од 2008 та година, банките се ликвидни и стабилни. Инаку Владата најави и втор сет мерки.