Бизнис
12. јуни 2018 - 21:43

Владата ги кани италјанските компании да учествуваат на тендерите за изгрдба на патишта

Македонија е добра можност за инвестирање, особено во секторите инфраструктура и енергетика. Ова го образложи премиерот Зоран Заев, повикувајќи ги италијанските фирми да инвестираат во земјава. Бизнис форумот, каде пред италијанските бизнисмени беа презентирани можностите за инвестирање во секторите инфраструктура, енергетика и животна средина, беше во организација на Амбасадата на Италија. Досега, италијанските фирми инвестирале околу 125 милиони евра за инфраструктурни проекти, особено партиципирајќи во реализацијата на коридорите 8 и 10.

Во таа насока, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, посочи дека на главниот град потребна му е изградба на добра инфраструктура. А тука ја гледа можноста за соработка со италијанските фирми.

Премиерот Зоран Заев стави акцент на диверзификација и достапност на енергенсите до граѓаните.

Заев изјави дека во наредниот период ќе се реконструираат вкупно 800 км патишта низ Македонија, за што се обезбедени 270 милиони евра, дел од буџетот, а дел од ЕБОР и Светска банка.