Македонија
29. November 2018 - 16:19

Владата финансиски ќе ги помага печатените медиуми

Со 50 милиони денари Владата ќе ги помага печатените медиуми. Усвоената Програма за поддршка предвидува на медиумите на македонски јазик ќе им бидат покриени по 50 проценти од трошоците направени за печатење и дистрибуиција, додека оние на јазикот на етничките заедници ќе добијат од 50 до 70 отсто.

Субвенциите ќе ги добијат доколку исполнат одредени критериуми

Критериумите за добивање на овие средства беа подготвени од Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми, на иницијатива на ЗНМ и се во согласност со меѓународните стандарди

Од Владата наведуваат дека програмата за поддршка на печатените медиуми е во целост поддржана е од ОБСЕ и е во согласност со реформата на медиумите според препораките на Прибе. Во иднина, како што се најави, ваква финансиска поддршка не е исклучена да добијат и електронските медиуми.