Бизнис
21. October 2019 - 17:11

Владата е сигурна дека ќе бидат усвоени економските мерки до стапување на функција на техничката влада

Најавените економски мерки, меѓу кои и субвенциите за придонеси повисоките плати, нема да извисат. И покрај  најавата за предвремени избори и техничка владат, надлежните уверуваат дека тоа нема да влијае на новите законски решенија и тие наскоро ќе стапат на сила. 

И двете законски решенија, законот за минимална плата и законот за субвенционирање на плати се очекува да стапат на сила во веќе најавениот рок се вели во дописот од минисетртвото за труд и социјала.

Со тоа повисоката минимална плата ќе почне да важи од декември, а субвенциите за придонеси веќе од следниот месец.

Единствено останува одлуката на СОНК дали ќе го прифатат предлогот на Владата платите во образованието  да се покачат за 10 отсто. Од министерството  за образование велат се  чека синдикатот  да се изјасни по предлогот.

Овој предлог, согласно разговорите со синдикатот, ќе биде разгледан од највисоките органи и тела на СОНК, односно за прифатливоста на истиот ќе се изјасни целото членство, по што очекуваме да бидеме известени што поскоро за да може оваа фискална импликација да биде планирана при проектирањето на буџетот за 2020 година, се вели во дописот на министерство за образование.

Од СОНК посочија дека во петок ќе ја соопштат одлуката. Но според првичните проценки, најверојатно предлогот нема да се прифати.

Експертите пак сметаат дека најавените законски решенија ќе бидат протуркани пред да биде формирана техничка влада затоа што тоа е во интерес на оваа гарнитура.

Според експертите под знак прашалник е ставена и проекцијата за раст на економијата за догодина од 4, 2 проценти. Велат дека во период на избори процентот тешко дека ќе се достигне, бизнисот повторно ќе биде на удар.