Македонија
16. March 2021 - 20:02

Владата донесе протокол за реализирање на државната матура

Владата денеска на 54-тата седница го донесе Протоколот за постапување на средните училишта при реализација на испитите од државната матура за учебната 2020/2021 година.

Како што соопшти владината прес-служба, Протоколот за организирање и спроведување на државната матура е донесен по одобрувањето од Комисијата за заразни болести.

Екстерните испити од државната матура ќе се полагаат на 5 и 11 јуни, а покрај нив матурантите имаат и тестови по два интерни испита и проектна задача.