Македонија
25. March 2020 - 17:17

Владата донесе одлука за забрана на движење на сите граѓани викендот од 16 до 5 часот

Се забранува движењето на сите граѓани за време на викендот (сабота и недела) од 16 часот до 5 часот, одлучи Владата на денешната седница со цел поголема заштита на населението од ширењето на коронавирусот.

Оваа одлука на Владата, која е дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викендот, по прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче ја соопшти владиниот портпарол Муамед Хоџа.

-Остануваат на сила и сите други претходно  донесени забрани. Ви препорачуваме да ги почитувате сите препораки и мерки од надлежните институции, рече Хоџа. 

Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се прилагодат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот.

Сите претходно донесени забрани и ограничувања, остануваат во сила.