Македонија
26. November 2019 - 14:43

Владата донесе одлука за првична финансиска помош од шест милиони денари за Албанија

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука да се издвојат шест милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија.

– Како дополнување на помошта за Албанија, кон оваа земја веќе се упатени и тимови за спасување составени од 30 стручни лица кои ќе учествуваат во акциите за спасување и прва помош за граѓаните во настраданите подрачја, соопшти владината прес – служба.

Во оваа првична помош е вклучен и посебен тим со механизација која ќе се ангажира во координираните акции за спасување.