Македонија
26. August 2020 - 10:54

Владата денеска одлучува за учебната година

Кога да почне новата учебна година и како ќе се реализира истата ќе се одлучува на денешната владина седница закажана за во 11 часот. На истата ќе се разгледува и предлогот на Комизијата за заразни болести децата од 1 до 3 одделение да ја почнат учебната година со физичко присуство, а останатите онјалн.

Исто така се очекува и одлука како ќе изгледа училишниот ден и да се усвојат протоколите од Комисијата за децата кои ќе посетуваат настава со физичко присуство.

По барање на општините на седницата Владата ќе ја разгледува и опцијата во градовите каде има помал број на ученици и стабилна епидемиолошка состојба со Ковид-19 сите деца да тргнат на училиште. Но, секако најбитната одлука која се очекува од Владата е кога ќе стартува учебната 2020/2021 година.

Се поизвесно е дека тоа нема да се случи на 1 септември, во опција се 15 септември, па дури и 1 октомври.

 

 

Александар Динев