Владата денеска ќе ја одржи редовната 47-ма седница
Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи редовната 47-ма седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На предлог на Министерството за труд и социјална политика, на денешната седница пред министрите ќе се најде Информацијата за Проектот „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективната социоекономска интеграција на (Ромите) повратници од Западен Балкан“.
Целта на Проектот е унапредување на капацитетот на западнобалканските земји на централно и локално ниво за спроведување сеопфатни модели за реинтеграција на повратниците и предвидува поопширна агенда за социјална инклузија и надминување на изворните причини и фактори за миграција на Ромите и ранливите популации.
На денешната седница, меѓу другото, на дневен ред е и Предлог-програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, поднесена од Министерството за локална самоуправа, со која се уредува распределбата на средствата за поттикнување рамномерен регионален развој на Република Македонија, утврдени во Буџетот за оваа година.
Редовната 47-ма седница на Владата, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска, е предвидено да започне во 12:00 часот.
За донесените одлуки и заклучоци јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок