Бизнис
13. February 2018 - 23:07

Владата даде согласност за две нови странски инвестиции

Владата донесе одлуки за поддршка на две нови странски инвестиции. Станува збор за компанијата за производство на лекови САГЕН и  за компанијата ВИК. 

На денешната седница прифатени се одлуките за давање согласност за долготраен закуп на градежно земјиште за компанијата САГЕН, како и за договорот за доделување државна помош на ВИК во Технолошко индустриската развојна зона Прилеп.