Македонија
14. January 2020 - 16:03

Владата даде согласност МЗ да иницира постапка за набавка на ангиограф за Институтот за радиологија

Владата денеска на седница даде согласност Министерството за здравство да иницира постапка за набавка на медицинска опрема – ангиограф за потребите на ЈЗУ Универзитетски институт за радиологија во Скопје во вкупна вредност од 60 милиони денари.

Средствата, како што се посочува, се планирани во програмите опфатени со развојниот дел од Буџетот во 2020 година, 2021 година и 2022 година.