Македонија
24. April 2018 - 17:41

Владата даде позитивно мислење за измени на повеќе законски решенија

 Владата на Република Македонија на денешната 65. седница даде позитивно мислење за повеќе измени и дополнувања на законски решенија.

Од владината прес-служба информираат дека е дадено позитивно мислење за повеќе предлог-законски измени и дополнувања меѓу кои на законите за лекови и медицински помагала, за санитарни и здравствени инспекторати, за јавни набавки, за инспекциски надзор и за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија.

За Предлог-измените на Законот за минерални суровини, како што се наведува во соопштението, Владата дополнително ќе се произнесе.