Македонија
15. August 2018 - 16:14

Владата без план и утврден буџет за кампањата пред референдумот

Владата одлучи дека ќе води кампања со народни пари за референдумот која ќе била информативна, но сепак ќе се истакнуваат придобивките од Договорот со Грција. Парите ќе се обезбедуваат од министерствата кои до петок ќе треба да достават информација колку ќе можат да одвојат од својот буџет за оваа намена. Владата дополнително ќе одлучува колку пари вкупно ќе бидат потрошени и каде ќе се рекламира за кампањата за 30 септември.

Со владината кампања нема да смеат да се  оправдуваат или бранат партиски ставови, или директно да се напаѓаат политики и мислења на опозициски партии и групации.

Нема информација дали Владата преку тендер ќе најми посебна пиар агенција што би ја работела владината кампања.

Нема одговор ни дали Владата ќе отвори посебна сметка, кој ќе биде потписник и дали ќе следи завршен финансиски извештај, како што тоа вообичаено се прави при избори.  

Користењето на јавни фондови во предреферендумскиот период наиде на рекации во јавноста осбено затоа што во Законот за референдум нема доволно одредби за финансирањето на јавната пропаганда, а во Изборниот законик тоа се забранува. Политичките аналитичари сметаат дека е потребен рамноправен пристап на сите учесници во кампањата до гласачите.

Сепак, и тој вели дека постојат недоречености околу финансирањето што треба да се надминат.

Според Кодексот на добри практики за време на референдум на Венецијанската комисија, иако не е исклучено целосното учество на властите во рефенредумот, сепак тие не смеат да влијаат на резултатот на референдумот. „Користењето на јавни фондови од властите за цели на кампањски цели мора да е забрането“, стои во Кодексот на Венецијанската комисија.