Бизнис
19. February 2018 - 20:08

Владата бара решение за вработените во Веибо, за Фени веќе има договор

Ќе се најде ли решение за работниците од Веибо од Крива Паланка? Турскиот инвеститор денеска имал средба со вицепрмеиерот Кочо Анѓушев. Се разговарало за две опции. Првата е инветситорот да ги исплати досепаните долгови од околу 700.000 евра. Половината од долгот е за плати и надоместоци за работниците, остатокот е долг кон една банка и градежни фирми. Потоа  ќе може или да продолжи со работа или да ја продаде фирмата. Втоата опција е стечај. Со оглед на тоа дека сметката на Веибо веќе десетина дена е блокирана, за нешто повеќе од еден месец таму ќе може да се прогласи стечај.

Работниците од Крива Паланка со денови протетсираат и блокираат патишта барајќи си ги платите. Блокада денеска имаше и на патот Градско – Прилеп. Транспортерите кои возат за Фени и побаруваат околу 4 милиони евра, го блокираа патот барајќи си ги парите. Анѓушев вели дека во овој случај ќе има  договор.

Швајцарската компанија Џ сол плаќа закуп од 1,2 милиони евра месечно за кавадаречкиот комбинат, а на работа се обврза да ги задржи сите работници. За фени во меѓувреме се подготвува план за реорганизација.