Владата бара решение за Македонски железници и Еурокомпозит
Владата ќе помага сметката на МЖ Транспорт да не биде блокирана а вработените да можат редовно да примаат плата. Енергетските компании претходно се заканија со присилно извршување на долг стар 10 години.
Донесена е одлука да се препорача железница во наредниот период на одделни средби со енергетските компании да најдат заедничко решение за враќање на долгот..
На ваквата владина одлука реагираа и од ВМРО ДПМНЕ.
Оттаму велат дека одлуката не е решавање на проблемот туку префрлање на одговорноста.
- Имено тие препорачаа на претпријатијата МЕПСО и ЕЛЕМ да направат состаноци со раководствата на компаниите загубари и да изнајдат решение за долговите. Ова се вика префрлање на одговорност. Она што СДС и нејзината влада го прави е популизам и ставање под тепих на проблемите. Ваквата неодговорност и неспособост не ги решава проблемите само ќе ги продлабочи. Со ова однесување останува неизвесна судбината на Eуврокомпозит и МЖ Транспорт, се вели во соопштенеито а ВМРО ДПМНЕ.
За проблемот со прилепскиот загубар Еурокомпозит Вицепремиерот за економски прашања Анѓушев е овластен да посредува меѓу раководството на претпријатието и синдикатот и во следниот период двете страни да ги реазлираат својот дел од обврските и претпријатието да продолжи да работи, а вработените да земаат плата.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар