Владата бара Македонска пошта да ги намали непродуктивни трошоци
АД за поштенски сообраќај-Македонска Пошта Скопје треба да подготви програма за намалување на непродуктивни трошоци и во рок од два месеца да ја достави до Владата.
Тоа е одлучено на вчерашната владина седница, на која се дискутирало и се усвоени Извештајот за финансиското работење на ЈП МЖ Инфраструктура, како и годишната сметка т.е Финансискиот извештај и Извештајот за работењето за 2016 година на АД за поштенски сообраќај-Македонска Пошта Скопје. Со владина одлука ги одобрила годишните сметки за финансиското работење на двете јавни претпријатија и нивниот финансиски извештај, соопшти владината служба за информирање.
Владата го разгледала и финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта за периодот јануари - март годинава. На ЈПДП, со одлука на Владата, му е наложено да одреди надзорен орган и рокови во кои ќе изврши надзор над извршените работи од градежните компании, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош