Македонија
8. May 2019 - 16:14

Владата 20 дена засилено ќе лобира за датум, изборите силен аргумент

Македонија во наредните 20 дена ќе стори се за да ја убеди Европската Комисија во наредниот извештај да определи датум за почнување на преговори.

Од Владата велат дека одржаните претседателски избори ја покажале зрелоста и подготвеноста на земјава, а не недостасува ни оптимизам, дека наредните три недели ќе бидат доволни да се убедат оние земји членки на Унијата кои се противат на почнувањето на преговори со Македонија.

На панел дискусијата „Западен Балкан и евроатлантските вредности“, експертите согласни дека Македонија стана позитивен пример за земјите од регионот.

Членството во НАТО ќе ги забрза и преговорите со Европската Унија, но влегувањето во ЕУ нема да се случи пред 2025 година.

“Не може да се очекува освен Црна Гора друг да влезе пред 2025, реално за МКД 2030”

Панелистите со заклучок - владеењето на правото, корупцијата но и лошите економски политики и натаму остануваат главните пречки кои треба да ги надминат земјите од Западен Балкан на нивниот европски пат.