Македонија
14. April 2020 - 21:29

Влада: За успешно справување со коронавирусот потребна е вонредна состојба

Владата на Република Македонија на денешната седница реши да му достави предлог на претседателот Стево Пендаровски во кој се оценува дека за успешно справување со коронавирусот потребна е вонредна состојба во државата.

– Владата на Република Македонија на денешната 41-ва седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата е потребна вонредна состојба, се наведува во соопштението од денешната владина седница.