Влада: Расте просечната нето плата, создаваме услови
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2020 година изнесува 27.588 денари и е повисока за 7% во однос на истиот месец во 2019 година, поточно за 1.801 денари.
Согласно податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2020 во споредба со истиот месец 2019 година регистрирано е зголемување на нето платата по вработен во секторите: земјоделство, шумарство и рибарство (8,5%), во преработувачката индустрија (7,3%), снабдување со електрична енергија, гас, пареа, климатизација (4,9%), информации и комуникации (9,4%), финансиски дејности и дејности на осигурување (2%), како и во останати бројни дејности.
Дополнително, ваквото зголемување во најголем дел се должи и на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (11,2%), дејности на здравствена и социјална заштита (11,2%) и образование (9,5%). Највисоки нето-плати се регистрирани во секторите информации и комуникации, како и финансиски дејности и дејности на осигурување.
Владата во консултација со сите релевантни чинители во општеството, синдикати, комори, организации на работодавачи, креира амбиент за раст на просечната и на минимална плата во следните четири години.
Посветени сме на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и покачување на платите за 20% до 30% односно до 34 илјади денари во следните четири години со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари