Македонија
26. August 2020 - 16:11

Влада: ПЦР тест за државјани на Косово за транзит низ државава, останува забраната за организирање свечености

На оваа своја седница Владата ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести согласно која сите патници, државјани на Косово коишто поминуваат низ Република Македонија, треба задолжително да приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

На денешната седница Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести да не се прифатат барањата за измени на Протоколот за работата на угостителските објекти, односно да остане забраната за организирање свечености со музика (свадби, матурски, крштевки и слично), со цел спречување на ширење на вирусот.