Македонија
20. February 2019 - 17:08

Влада: Огромен успех е што првите ратификации дојдоа од соседите

Со членството во НАТО, на Македонија веќе не гледаат со недоверба и загриженост туку како земја кој се издигна над балканските конфликти и противречности, рече вицепремиерката и министерка за одбрана Шеќеринска на конференцијата посветена на Перспективите од македонското членство во НАТО. Истакна дека од држава која во ходник ја чека одлуката за својата иднина станавме земја која преку влезот во Алијансата ќе влијае рамноправно врз сите одлуки

Најголеми безбедносни закани во моментов се сајбер криминалот, илегалната миграција и лажните вести. Главната придобивка од членството во НАТО се можноста за размена на информации прку кои ќе се неутрализираат овие закани, посочи националниот координатор за НАТО.

Денеска се одржа и свечено примопредавање на должноста НАТО – Контакт амбасада во нашата земја, меѓу хрватската амбасада која досега ја имаше оваа функција и амбасадата на Словенија која ќе ја има оваа обврска во идниот период.