Македонија
26. March 2018 - 16:59

Влада: Објавените трошоци не се само на министрите

Административните службеници во Алатката за отчетност ги пријавиле трошоците на сите што се овластени да потпишат за трошења за угостителски услуги, а не само поединечните трошоци на министрите. Од министерството задолжено за отчетност и транспарентност, во врска со енормните суми на пари потрошени за храна и пијалоци во рестораните и угостителските објекти, од дел од владините министри, се правдаат дека станувало збор за техничка грешка.

Од ЗНМ реагираат дека заложбата на Владата за транспарентност воопшто не се почитува од ДУИ, посебно кон медиумите на албански јазик.

Четврти на листата, со потрошени 9.000 евра во угостителски објекти за првите 6 месеци од своето работење, е Министерот за култура Алаѓозовски. Тој вели дека неговите лични трошоци не надминувале повеќе од 6000 денари месечно.  

Главната констатација на дебатата посветена на отчетноста на Владата кон јавноста и медиумите беше дека транспарентноста е подигната на едно повисоко ниво од претходно, но дека сеуште не постои никаква политичка одговорност. Посебно кон оние вршители на јавни функции кои сеуште не овозможуваат пристап до никакави информации.