Влада: Ниту сме се мешале, ниту сме влијаеле на работата на Комисијата за историски и образовни прашања
Владата соопшти дека во ниту еден момент ниту се мешала, ниту имала какво било политичко влијание во работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија и дека „напротив, секогаш ја поддржувала нивната работа, како научници кои сами, заеднички двете страни, ги утврдија своите принципи на работа“.
– Категорично отфрламе каква било инсинуација дека имало какво било влијание на одлуката на професорот Ванчо Георгиев да го прекине својот ангажман како член на Комисијата од страна на Владата или која било нејзина институција. Поаѓајќи од начелото на целосна независност и слобода во работата на Комисијата, секој член на нашиот дел од Комисијата има право да донесе одлука во врска со понатамошното учество, наведува владината Прес-служба.
Во соопштението се додава дека професорот Ванчо Георгиев само пред една недела „го потпиша со слободна волја договорот за продолжување на неговиот ангажман како член на Комисијата“.
– Сметаме дека со тонот, инсинуациите и тајмингот избран да се пласираат невистини, професорот Ванчо Георгиев си дозволи да го искомпромитира сопствениот научен интегритет и да пласира политички пораки кои немаат никаква врска со реалноста и работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија, додава Владата во соопштението.
Од таму наведуваат дека со ова соопштение укажуваат на фактите и дека ја почитуваат одлуката на проф. Георгиев и му се заблагодаруваат за неговиот досегашен ангажман.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари