Македонија
25. March 2019 - 14:14

Влада: Нема легализација на марихуаната

Владата ја демантира информацијата што денеска ја објави ТВ21 за скорешна легализација на марихуаната.

-Станува збор за дезинформација. Не постојат тековни владини анализи за легализирање на марихуаната за рекреативни цели. Владата останува на почитување на постоечката регулатива со која во земјата е дозволено производство на канабис исклучиво во медицински цели, се вели во реакцијата за ТВ21.