Влада: Инвестициски бум, 6 нови странски инвестиции за 6 месеци и 2000 нови работни места
Шест месеци нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ значи шест нови странски инвестиции и над 2000 нови вработувања.
Првата инвестиција на „Алказар Енерџи“ за изградба на ветерници во општините Радовиш, Штип и Карбинци, е во вредност од 500 милиони долари и значи 630 нови вработувања, а со инсталирање на 55 ветерници со електрична енергија ќе се снабдат 100.000 граѓани.
Втората инвестиција на германско-белгиска „Епсотех Аим“ е за изградба на развојно истражувачки центар, алерти центар во индустриско-технолошките зони на територијата на Општина Петровец. Нејзината вредност е од 20 милиони евра и нови 110 вработувања.
Третата странска инвестиција е за производство на сопирачки за шински возила на американскиот „Вебтек“ во вредност од 35 милиони евра. Со оваа инвестиција ќе се отворат нови над 100 вработувања, во Технолошко индустриско развојната зона Скопје.
Четврта инвестиција која ја донесе Владата во рок од шест месеци е за производство на литиум јонски батерии во Технолошко индустриско развојната зона Скопје. Инвестицијата на германската компанија „BMZ Group“ е во вредност од 65 милиони евра и отвора дури нови 700 вработувања.
Петтата инвестиција на компанија „Брејнчајд“ во зоната Жабени е во вредност од 8,5 милиони евра, а ќе вработи околу 100 лица.
И шестата инвестиција е на „АД БАУ Интернационал“ која е дел од групација ДМ Бау – швајцарски производител на модуларни објекти е во вредност од 7 милиони евра и отвара 200 нови вработувања.
И покрај лошата економска состојба која ја наследивме, како Владата работиме посветено и спроведуваме економски политики со кои привлекуваме нови странски инвестиции.
Како Влада воспоставуваме партнерски и деловен однос со странските и домашни инвеститори, отвораме нови работни места и придонесуваме за подобрување на бизнис климата и животниот стандард на граѓаните.
Владата работи посветено на забрзување на економскиот развој.
Наш приоритет е стабилна македонска економија.
Ново на Сител
-
Уставниот суд ќе одржи подготвителна седница за Законот за јазиците
-
Започна седницата на Уставен, отсутни судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари
-
Уапсена 29 годишна гостиварчанка, пронајдена дрога, пушка и муниција | ФОТО
-
Четири килограми марихуана и амфетамин пронајдени кај 27 годишник во Драчево | ВИДЕО
-
Подигнати 75 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Чаир и Кисела Вода
-
Влада: Инвестициски бум, 6 нови странски инвестиции за 6 месеци и 2000 нови работни места
-
Борусија Дортмунд неколку месеци без Шуле
-
Наполи еден месец без Кварацхелија