Влада: Граѓаните со блокирани сметки ќе добијат пари на посебна сметка
Оние граѓани кои се со блокирани сметки, согласно законот, се прераспределуваат во банка која има техничка можност да ги исплати средствата на засебна сметка, велат од Влада.
- Владата на Република Македонија стори сé да ги ослободи граѓаните од административни процедури со цел средствата да стигнат до сите на кои им се потребни во најбрз можен рок, а средствата да може да се користат за она за што на граѓаните им се најпотребни, информираат од владината прес служба.
Ажурираната листа на корисници, потсетуваат, е објавена и поставени се сите категории граѓани кои добиваат еднократна помош од 6.000 денари како мерка од 4-тиот пакет помош во време на пандемија со КОВИД-19. Во тек е процесот на обработка на приговорите. Граѓаните се упатуваат да ја проверуваат веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk на која се ажурираат податоците така како што пристигнуваат од институциите во зависност од категориите на граѓани за кои се надлежни, информираат од Владата.
Ново на Сител
-
Ковачевски: Инвестирани над 1 милијарда евра во изградба и модернизација на патната инфраструктура во земјава
-
Лавров: Западот ѝ објави тотална војна на Русија
-
Црвенковски: Преспанскиот договор е избор на помалото зло
-
Црвенковски: Потпишувањето на договорот со Бугарија беше голема грешка
-
Азески: Се засилува бизнис соработката со Грција
-
ССМ: Бесими да прочита што е предвидено во закон и колективен договор
-
Гир: Високи надежи за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија
-
Кремљ: Не е јасно што сака Киев