Македонија
18. March 2020 - 15:50

Вкупно 79 македонски државјани од утрово до 14 часот излегле на ГП Табановце

Во текот на денешниот ден од 6:00 часот до 14:00 часот на излез од Граничниот премин Табановце имало 79 македонски државјани, соопштија денеска од МВР.
 
-Од 06:00 до 14:00 часот на ГП Табановце на излез поминале 79 македонски државјани, а вкупниот број на патници кои изглеле е 179, велат од МВР.