Свет
19. November 2015 - 17:38

Вкупно 4.500 војници под оружје ќе го обезбедуваат самитот на АСЕАН во Малезија

Во центарот на Куала Лумпур, пред конвенцискиот центар од денеска покрај засилени полициски силии безбодноста ќе ја осигуруваат и 4.500 вооружени војници. Во главниот град на Малезија во сабота и недела ќе се одржи годишниот Самит на шефови на држави и влади на десетте држави членки на АСЕАН, а ќе приуствуваат и претседателите на САД и Кина, Обама и Џинпинг, генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и премиерите на Индија, Јапонија и Јужна Кореја.

Засилените мерки уследија по масакрите во Париз, но и сознанијата на малезиското контраразузнавање, според кои екстремните исламисти во таа држава подготвуваат терористички напади.

Годинешниот Самит на АСЕАН формално ќе биде посветен на започнувањето на подготовките за функционирање на економската заедница на АСЕАН, која во 2.020 година треба да функционира речиси идентично како Европската Унија.

Во АСЕАН, каде што живеат околу 600 милиони жители, со вкупен БДП од речиси три илјади милијарди долари, членуваат Малезија, Индонезија, Брунеи, Камбоџа, Лаос, Мјанмар, Филипините, Виетнам, Сингапур и Тајланд.