Македонија
12. August 2016 - 14:11

Вкупно 4.377 граѓани со спорни записи се пријавиле досега во ДИК

До Државната изборна комисија заклучно до денеска напладне се пријавиле вкупно 4.377 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

Од нив, како што соопшти ДИК, 1.966 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 2.411 ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.